четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Престанете со “од утре“, “од понеделник“: Како ВЕДНАШ дa се cпpaвитe co мpзeливocтa?

Престанете со “од утре“, “од понеделник“: Како ВЕДНАШ дa се cпpaвитe co мpзeливocтa?

Почнувам од први, од понеделник, од утре… тоа се најчестите лаги што си ги кажуваме кога не можеме да се мотивираме да почнеме некоја активност или да завршиме некоја обврска. Не за џабе постои изреката „Што можеш денеска, не оставај за утре“, а овие совети ќе ви помогнат како да ја победите мрзата и да ги завршите обврските.

Статистиката покажува дека во денешно време има четири пати поголеми шанси да ги одложиме работите што треба да ги завршиме. Ако и вие сте меѓу оние луѓе кои се убедуваат дека ќе почнат „од први“ или „од понеделник“, тогаш според статистиката вие сте оној еден од пет луѓе кој важи за „одлагач“.

-Мрзливоста најчесто се јавува од две причини: или задачата е премногу лесна или ни се чини дека е надвор од нашите можности, велат експертите.

Ако се соочувате со обврска што не ве инспирира, поставете ја како приоритет. Со тоа што ќе ја зголемите важноста на задачата, ќе ја зголемите и вашата подготвеност да го направите она што е потребно.

Во другиот случај, кога се соочуваме со обврска за која не се чувствуваме подготвени или кадарни, експертите предлагаат да ја замислите задачата во некаков облик: камен, планина, топка.

Потоа во мислите почнете да го намалувате тој облик и правете го тоа додека неговата големина не стане прифатлива за вас. На овој начин ја менувате претставата за оваа задача во вашиот ум кој сега ја регистрира како нешто помало и совладливо.

Во борбата против мрзливоста може да ви помогнат и техниките на планирање и поделба на задачите на помали предизвици.

Сепак, најважно е да ја промените претставата што ја имате во себе, а така ќе си ја зголемите мотивацијата и задачата нема да ви се гледа така тешка.