понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова во фустан во кралска сина боја за посетата на Македонија

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова во фустан во кралска сина боја за посетата на Македонија

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова е во официјална посета на нашата држава. Таа беше пречекана од претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести.

Во Вила Водно, Чапутова пристигна во елегантен стајлинг, кој вклучуваше фустан во кралска сина боја и бежови салонки.

Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа.

извор: femina