недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Причина за грижа или не? Што предизвикува крварење од носот во текот на ноќта?

Причина за грижа или не? Што предизвикува крварење од носот во текот на ноќта?

Причини за настанување може да бидат фрактури, покачен крвен притисок, болести на срцето, анемија, заразни болести или поголем физички напор.

Крварење од носот најчесто се јавува кај деца или постари луѓе, а особено во тек на вирусни епидемии, при крај на зимата и почеток на пролет, кога доаѓа до кусок на витамини во организмот. Крварењето се јавува ненадејно, често во тек на ноќта, при спиење.

Слузницата на носот е богата со артерии и капилари, особено во предниот, долен дел на носната преграда, каде најчесто и доаѓа до крварење.

Изгледот и општата состојба на болниот ќе зависи од интензитетот на крварењето. Доколку крварењето е потешко, воочливо е бледило на кожата, пулсот е забрзан, а понекогаш доаѓа и до колапс.

Неопходно е прво да се смири болниот. Главата мора да биде наведната нанапред, и со палецот и показалецот да се фати за носот, цврсто да се стисне во траење од 2-3 минути и смирено да дише. На вратот е потребно да се стави ладна облога.

Ако крварењето и понатаму продолжи, потребно е болниот да се однесе на лекар. Лекарот тогаш го запира крварењето, а после тоа треба да се дијагностицира причината за крварењето.