среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Проблем со дебелото црево: Што да направите во домашни услови и кога да посетите лекар

Проблем со дебелото црево: Што да направите во домашни услови и кога да посетите лекар

Дебелото црево е одговорно за апсорбирање на останатата вода, соли и витамини од храната и да ги кондензира во фекална материја. Фекалните материи потоа се пренесуваат од сигмоиден колон во ректумот, од каде што изглегуваат како отпад.

Најчести причини за проблем со дебелото црево и нивни симптоми
Симптомите на нарушувања на дебелото црево обично вклучуваат:

Стомачна болка
Опстипација
Дијареја
Гасови
Надуеност
Грчеви
Замор
Дебелото црево е склоно кон воспаление и воспалителни нарушувања кои можат да бидат предизвикани од:

Диета
Стрес
Начин на живот
Лекови
Најчести нарушувања на дебелото црево се воспалителните болести како:

Улцеративен колитис: Предизвикува болка во сигмоидниот колон – последниот дел од дебелото црево што води до ректумот.
Кронова болест: Oбично предизвикува болка околу папокот на стомакот или на долната десна страна на стомакот
Дивертикулитис: Што предизвикува болка во сигмоидниот колон.
Синдром на нервозно дебело црево: Најчесто предизвикува болка во долниот лев дел на стомакот
Колоректален карцином: Ретко предизвикува болка во стомакот

Како да го третирате проблемот со дебелото црево во домашни услови
Намалете ја консумацијата на црвено месо, пржена храна, рафинирани шеќери, алкохол и кафе. Исто така намалете го пушењето на цигари, зголемете ја физичката активност и започнете редовно да вежбате. Консумирајте повеќе храна богата со хранливи влакна како житарици, овошје, зеленчук и јаткасти плодови. Воедно, обратете внимание на хидратацијата т.е консумирајте што е можно повеќе течности.

Кога да посетите лекар?
Aко болката или било каква промена при дебелото црево траат подолго од неколку дена, најдобро е да посетите лекар со цел да ја утврдите точната причина и да добиете соодветен третман, а со самото тоа и навремено да се провери во случај да станува збор за карцином.

Извор: НАНЕ