недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ПРОЛЕТНО УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДИНИТЕ: 4 видови цвеќиња кои не предизвикуваат алергија на полен

ПРОЛЕТНО УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДИНИТЕ: 4 видови цвеќиња кои не предизвикуваат алергија на полен

Ако сте љубител на цвеќиња, а сепак алергични сте на полен има решение. Постојат многу видови цвеќиња кои не предизвикуваат алергиски реакции. Експертите предлагаат кои цвеќиња да ги одгледувате ако сте чувствителни.

Бегонија

Бегонија се одгледува поради цветот кој го има, а кој е малку полен. Цвета постојано и обилно. И бегонијата која се одгледува поради украсниот лист е преубав украс за градините или терасите кои се под сенка. Сакаат топлина и влага, не сакаат диреткна изложеност на сонце и никогаш не смеат да бидат без вода.

Петунија

Петуниите испуштаат слаб мирис кој станува поизразен кога се одгледуваат во поголем број. Меѓутоа нивниот полен не се смета за алерген.

Камелија

Камелијата има убав мирис исто како што е цветот. На цветот има и машки и женски репродуктивен орган, односно се самоопрашуваат.

Хибискус

Цветовите на хибискусот произведуваат многу тежок полен кој не се пренесува преку воздухот. Меѓутоа, луѓето кои имаат алерија треба да бидат внимателни при консумација на час од ова растение кој е направен од цветовите и може да содржи полен.