петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Промената на времето ви создава ГЛАВОБОЛКА? Ако сте МЕТЕРЕОПАТ, овие 6 совети можат да ви ги намалат симптомите

Промената на времето ви создава ГЛАВОБОЛКА? Ако сте МЕТЕРЕОПАТ, овие 6 совети можат да ви ги намалат симптомите

Метереопатите се луѓе кои чувствуваат силна главоболка кога има нагли промени на времето.

Промената на влажноста на воздухот доведува до промена на атмосферскиот притисок, што предизвикува нагли промени на притисокот во крвните садови и ткивата на нашето тело, кои немаат доволно време да се прилагодат на овие нови промени. Поради ова, многу луѓе доживуваат силна главоболка, некои други исто така доживуваат гадење, нагло зголемување на крвниот притисок, промена на расположението…

Луѓето кои често се изложени на стрес се особено чувствителни на временските промени, бидејќи нивните крвни садови се во состојба на постојан спазам поради хормоните на стресот, па многу потешко им е да се прошират или стеснуваат при промена на времето.

Еве што може да ви помогне ако имате главоболки како резултат на промената на времето:

1. Туширање

Туширањето со топла и ладна вода, наизменично, може да биде корисно. Наизменичната вода со различни температури ја стимулира контракцијата и проширувањето на крвните садови.

2. Интензивна физичка активност

Одете на трчање, пливање или брзо одење како една од активностите што ги правите секој ден. Сето ова го зголемува пулсот и протокот на крв, што предизвикува проширување на крвните садови. Протокот на крв се намалува на крајот на тренингот и крвните садови се стеснуваат.

3. Масажа

Болката во грбот и вкочанетоста на вратот се чести кај луѓето кои седат поголем дел од денот. Редовната масажа на грбот и вратот може да ве ослободи од болка и напнатост. Покрај тоа, масажата го подобрува протокот на крв во мозокот.

4. Излезете на свеж воздух

Поминувајте што е можно повеќе време на отворено, по можност во природа. За време на викендите, обидете се да одите во шума, голем парк или планина, за да навлезете малку на свеж воздух.

5. Внимавајте на исхраната

Храната богата со магнезиум им се препорачува на сите кои страдаат од главоболки. Вклучете јаткасти плодови, брокула, грав и зелен зеленчук во вашата исхрана. Покрај тоа, ќе имате корист од храна богата со витамини од групата Б, како јајца, млеко, пивски квасец, лосос, семки, остриги, школки…

6. Одморете се добро

Одморот е неопходен за добро функционирање на телото. Обидете се да не го носите стресот дома и слободното време да го поминувате во одмор, со луѓе кои ги сакате и кои ве исполнуваат со позитивна енергија. Поминувајте повеќе време на отворено, на свеж воздух и помалку пред телевизор.

Обидете се да си легнете до 11 часот навечер и да спиете најмалку 7 часа.