четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Пронајдени бактерии непознати за човековиот имунолошки систем

Пронајдени бактерии непознати за човековиот имунолошки систем

Бактерии кои научници ги собрале на четири километри под површината на Тихиот Океан се толку непознати за човековиот организам што се дури невидливи за нашиот имунолошки систем.

Овие наоди се целосно спротивни на едно од главните начела на имунологијата, дека човековиот имунолошки систем еволуирал толку да може да го регистрира секој поединечен микроб.

За да се тестира ова начела, наулниците морале да најдат бактерија за која е малку веројатно дека досега имала контакт со имунолошки систем на цицач.

-Не баравме само на голема длабочина, туку и на подрачјето на Тихиот Океан кој е најзаштитен и најодалечен, објаснува морскиот еколог Ренди Роџан од Универзитетот во Бостон.

-На длабочина од 4000 метри нема цицачи, а се работи за екваторијално подрачје на кое нема китови. Тоа беше добро место за истражување на бактерии кои се целосно различни од оние со кои се среќаваме на копното, додава тој.

Научниците со подморница собирале морски бактерии од примероци вода, сунѓери, морски ѕвезди. Потоа во лабораторија размноѓиле 117 пронајдени соеви на бактерии.

Невидливи за нашиот имунолошки систем

Откако ги проучиле нивните карактеристики, внесе 50 соеви во имунолошките ќелии на глувци и луѓе. На нивно изненадување откриле дека 80 проценти од микробите, кои припаѓаат на видот Moritella, биле целосно невидливи за имунолошкиот систем.

Рецепторите на имуно-ќелиите воопштво не реагирале на овие микроби.

Бактериите не се опасни за луѓето

Овие бактерии за среќа не претставуваат опасност за човековиот организам.

-Малку е веројатно дека по нас, луѓето, овие бактерии се опасни бидејќи температурата, притисокот и хемиското опкружување во нашето тело се различни од оние во океанот. Тие бактерии не би преживеале долго надвор од своето природно живеалише, објаснува Роџан.