недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Проста реченица со моќен ефект: Еве што да им кажете на луѓето кои озборуваат

Проста реченица со моќен ефект: Еве што да им кажете на луѓето кои озборуваат

Озборувањето е насекаде и не можеме да ги одвикнеме луѓето од оваа навика. Но, психолозите откриле едноставна реченица што веднаш може да го сопре овој лош начин на разговор. Секогаш кога некој ќе се обиде да ве вовлече во негативна дискусија за друг човек, поставете го следново прашање: „Зошто ми го кажуваш ова?“

Реченицата делува многу просто, но го постигнува саканиот ефект. Ова прашање го елиминира секој себичен мотив на озборувачот и му помага да разбере дека вие не сте заинтересирани да водите таков разговор.

Озборувањето не е безопасна навика. Зборовите се многу моќни. Ширењето гласини и лаги за луѓето може да остави ужасни последици на нив.

Никогаш не заборавајте дека кога озборувате, вие повредувате некого, без разлика дали тоа е директно или индиректно. Следен пат кога некој ќе се обиде да ве наведе да озборувате, сетете се дека едноставната реченица како „Зошто ми го кажуваш ова?“ може да го спречи ширењето на лошите гласини.