Сите сакаме пролет и лето, но уживањето во убавото време често ни се расипува од „блискиот контакт“ со инсектите како што се пчелите, комарци, оси, пајаци а неретко и стршлени. Се сретнуваме со нив во природата, но и во дворот, терасите и становите.
Убодите од овие инсекти се доста непријатни, особено доколку сте алергични на нивните отрови, па постои ризик од бурна алергиска реакција.
Уште поголем проблем е доколку дојде до напад на рој пчели, оси, комарци или стршлени – тоа може да доведе до тешко труење, а во најтешките случаи до фатален исход.
Интензивна болка, црвенило, оток и чешање се симптоми кои се јавуваат по каснување од комарец, пчела, оса, стршлен или пајак. Анафилактичен шок може да се појави и кај преосетливи луѓе.
Во галеријата, погледнете кои лекови што сите ги имаме во куќата може да ни помогнат откако ќе ве касне пчела, оса, стршлен, комарец и пајак.