сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Психолог тврди: Речиси сите емоционално интелигентни деца ги прават овие четири работи

Психолог тврди: Речиси сите емоционално интелигентни деца ги прават овие четири работи

Емоционалната интелигенција е дефинирана како способност за препознавање, разбирање, изразување и управување со сопствените емоции.

Имајќи предвид дека тоа може да биде тешко за возрасните да го постигнат, многу родители се изненадени кога ќе сфатат дека нивните деца се многу способни да развијат емоционална интелигенција и тоа уште од најрана возраст.

Како што објаснува клиничкиот психолог Лиза Фајрстоун, постојат одредени знаци кои јасно укажуваат дека детето е емоционално интелигентно. Еден од нив плачот. Иако звучи необично, детето кое се чувствува безбедно да плаче пред родителите или други луѓе, всушност не се плаши да ги изрази своите емоции, што е еден од главните знаци на емоционалната интелигенција.

Исто така, детето кое е емоционално интелигентно има развиено емпатија, односно способност да сочувствува со другите или да ги препознае нивните чувства. Ако детето е особено пречувствително, може да покаже тага ако види дека другарчето во градинка или училиште е тажно, а често знае и да ги утеши своите врсници кога се чувствуваат лошо, објаснува психологот.

Друг симптом кој често е знак за емоционална интелигенција кај децата е поврзан со нивната отворена врска со нивните родители. Имено, детето кое секогаш зборува за своите проблеми, емоции и работи кои го мачат има развиена емоционална интелигенција, а во исто време е поспособно да се справи со предизвиците што ги носи растењето.

Фајрстоун наведува и дека детето со емоционална интелигенција често покажува високо ниво на љубопитност. Иако секое дете е љубопитно до одреден степен, детето со развиена емоционална интелигенција е отворено и заинтересирано за работите што се случуваат околу него. Исто така, овие деца имаат силна желба за учење, па обично се многу успешни на училиште или имаат многу хоби.