сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Работата за време на викенд ве прави склони кон депресија и анксиозност

Работата за време на викенд ве прави склони кон депресија и анксиозност

Додека некои луѓе викендот го имаат само за себе, да се одморат, забавуваат или пак да се подготват за наредната работна недела, некои луѓе го немаат тој луксуз бидејќи за нив викендот е резервиран за работа.

Воопшто не е едноставно кога знаете дека во миговите додека вие работите, вашите пријатели уживаат пиејќи кафе, а вашиот партнер одмара гледајќи го омилениот филм.

Вие се трудите да го дадете максимумот на работното место, но работата за време на викендите воопшто не му делува позитивно на вашето тело, а ни на вашиот ум.

Истражувањето спроведено во Лондон потврдило дека голем процент на луѓе кои работат за време на викендите стануваат се повеќе склони кон депресија, а тоа посебно се однесува на припадничките на понежниот пол.

Ова истражување е спроведено на повеќе од 2 000 вработени луѓе. Резултатите укажуваат на фактот дека луѓето кои работеле повеќе од 55 часа неделно, за дури 10% се повеќе склони кон депресија и анксиозност.

Истражувањето исто така покажало дека многу поголем број на жени работат за време на викендите.

Жените се под голем стрес и во текот на работната недела затоа што мораат да балансираат помеѓу најразличните обврски, како професионални, така и приватни, а кога ќе сфатат дека дури ни за време на викендот нема да бидат слободни се чувствуваат безизлезно, под голем притисок и во една таква состојба доаѓа до депресивно расположение или анксиозност.

Доколку забележите дека не можете да направите баланс, не можете да пронајдете време за себе и својот приватен живот, можеби е време да ја промените работата затоа што вам и на вашите најблиски ни една работа не може да ја замени вредноста на вашата насмевка и вашето здравје.

Извор: Среќа