Не постои една вистинска рутина која би функционирала за сите исто. Но, можеби грешките што секојдневно ги правиме секое утро се вистинскиот проблем, а не рутината.
Еве кои се најчестите грешки, кои треба да започнеме да ги избегнуваме:
Го притискаме копчето за одложување на алармот
Експертите за спиење сметаат дека одложувањето на алармот не е добра идеја, бидејќи така влегуваме во магичен круг на повторно заспивање, од кој тешко ќе се разбудиме.
Остануваме во кревет
Честитки! Сме го изгасиле алармот, но сè уште остануваме да лежиме во креветот. Наместо да лежиме, времето после алармот треба да го искористиме за правилно истегнување и раздвижување кое ќе ни ја даде потребната енергија.
Ја проверуваме електронската пошта
Денес, повеќето луѓе спијат со паметниот телефон до перница, односно до нивна непосредна близина. Затоа е многу лесно, откако ќе ги отвориме очите да се завртиме на другата страна и веднаш да започнеме со работење, читање на мејловите или прегледување на социјалните мрежи.
Но, оваа штетна навика треба веднаш да ја отстраниме од нашата утринска рутина. Ништо не е толку итно, што не можеме да го провериме после 1 или 2 часа откако сме се разбудиле.
Го оставаме креветот ненаместен
Местењето на креветот е дополнителна утринска физичка активност која секојдневно треба да ја практикуваме. Воедно, тоа ќе не поттикне да бидеме поенергични и попродуктивни.
Пиеме кафе
Нашето тело природно лачи поголеми количества на хормонот одговорен за стресот- кортизол, помеѓу 8 и 9 часот наутро. Ако не можете без кафе, размислете двапати за тоа.
Најдобро е кафето да се консумира после 9.30 часот. Бидејќи, ако го навикнете телото на коефин пред ова време, организмот ќе произведува значително помалку кортизол, а тоа ќе доведе до голем проблем.
Се подготвуваме во темно
Ако се подготвуваме во темница, односно со изгасено светло, ова на нашето тело може да му сигнализира дека сè уште е ноќно време, што дополнително ќе ве направи поспани и со послаба енергија.
Доколку кога ќе станете, а надвор е темно, тогаш експертите препорачуваат да се облекуваме на доста силно светло.
Премногу сме спонтани
Можеби ќе се напиеме вода, можеби ќе пуштиме музика, можеби ќе им се јавиме на пријателите. Можеби!
Експертите велат дека најдобро е кога ќе станеме да имаме ред. Рутината не мора да биде строго организирана, но да ги правиме почетните работи по некој редослед: Местење на креветот, миење на забите, облекување на претходно спремената облека, појадување и слично.