По депилација или кој и да е друг начин на отстранување на несаканите влакненца, може да се случи враснување на новоизраснатите влакна и тоа да изгледа пред сè естетски лошо, но и да предизвика дополнителни проблеми со иритација и воспаленија.
Најчесто им се случува на луѓето со поцврсти влакна или пак, на оние кои ги отстрануваат влакната погрешно.
Дополнително, ситуацијата може да ја влоши и облеката која ја носите, особено ако е тесна, припиена до телото и изработена од синтетички материјали. Особено се лоши парчињата облека со ликра, која дерматолозите воопшто не ја препорачуваат.
Ова се најпрактичните совети кои можете да ги применувате, а да спречите враснување на влакната:
-Не бричете и не депилирајте во спротивна насока од растот.
-По депилација, носете широка и памучна гардероба.
-Хидрирајте го депилираното подрачје.
-По депилацијата, обидете се депилираниот дел да го исплакнете со ладн вода.
-Ако имате сериозно густи и дебели влакна, почнете да размислувате за ласерско отстранување, кое ќе ги изретчи, а со тоа и ќе го намали ризикот за враснување.