Младите често одбиваат да признаат дека нешто ги мачи, но еве што упатува на можноста дека станува збор за многу посериозен проблем од само моментална фаза.
Тинејџерската возраст е најчувствителниот период, младите се на „ничија земја“ меѓу детството и светот на возрасните и се обидуваат некако да се снајдат и да научат да се носат со сите проблеми со кои се справуваат.
Во тие години, хормоните дивеат, а децата се ранливи и чувствителни, па неретко се случува да им се препуштат на црните мисли. Сепак, веројатноста тинејџер да признае дека е депресивен е мала.
Но, тинејџерската депресија е реалност и затоа би требало да обратите внимание на однесувањето на своето дете кое можеби укажува дека токму тој проблем е во прашање.
„Многу од тоа што тинејџерите го поминуваат можат да го објаснат хормонските промени карактеристични за оваа возраст, но понекогаш зад големите промени во расположението се кријат и посериозни проблеми кои можат да прераснат во депресија“, објаснува докторка Даниела Дефрино.
Трите најчести симптоми на тинејџерска депресија се проблемите со успивањето и необичното долго спиење, иритираноста и бесот во друштво на други луѓе, како и губењето на интерес за работи кои некогаш ги интересирале и им причинувале задоволство.
Во таа возраст, најголем проблем кај младите е лошиот успех во училиштата, но и преголемите очекувања на родителите.
Тинејџерите ги вознемируваат и кавгите и конфликтите со родителите, како и вербалното или емотивното злоставување.
Разговарајте со вашите деца и кога се лути и кога се расправаат, дури и кога не ве слушаат и погрижете се секогаш да бидат свесни дека единствено вие ги сакате најмногу и дека сте овде за нив без разлика на тоа што и да се случува во нивниот живот.