Ако садовите ги миете рачно, сигурно користите сунѓер за таа намена. Но, дали знаевте дека на него се собираат многу повеќе бактерии отколку што мислите?
Норвешкиот научник Тронд Морерто од Институтот за истражување храна, на оние кои користат сунѓер за садови им препорачува веднаш да го фрлат.
Овој популарен предмет, како што вели научникот, е опасен бидејќи на него се развива салмонела и некои други бактерии, особено ако сунѓерот го користите секој ден па тој речиси никогаш не е сув.
Влажните услови во внатрешноста на сунѓерот се совршено место за развој на бактерии,иако најголем дел не се опасни за луѓето, сепак од салмонела може да се разболите.
-Еден сунѓеро може да содржи повеќе бактерии отколку што има луѓе на Земјата. Влажен е и ги собира остатоците од храна кои исто така се и храна за бактериите, што доведува до нивно брзо размножување, објаснува норвешкиот научник.
Вели дека чистењето на сунѓерот не прави голема разлика, а единствен начин за да обезбедите целосна хигиена е секој ден да имате нов сунѓер за садови што е скапо и лошо за околината.
Најдобро решение, доколку немате машина за садови или не можете секој ден да ја вклучувате, е да користите четка за садови која брзо се суши и на неа бактериите не можат долго да живеат.