вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сакал да биде како Кен: Овој маж направи низа операции, погледнете како изгледа денес (ФОТО)

Сакал да биде како Кен: Овој маж направи низа операции, погледнете како изгледа денес (ФОТО)

Бразилскиот Кен, Маурицио Галди е опседнат со операции и не сопира, иако го загрозува својот живот.

Родриго Алвес (34) веќе години наназад е познат по пластичните операции што ги прави за да изгледа како реална верзија на куклата Кен.

Но, тој има конкуренција. Станува збор за 29-годишниот Маурицио Галди, кој е бразилски актер со италијанско потекло.

Уште како дете бил воодушевен од куклите Барби и Кен и им завидувал на девојчињата што си играле со нив, но се срамел да им се придружи за да не му се смеат.

Како поминувало времето така Маурицио сè повеќе сакал да изгледа како неговата кукла идол, па почнал да прави пластични операции за да личи на Кен.

Peace with good! Tks Deus por tudo!!!

A post shared by Maurício Galdi (@mauriciogaldioficial) on

Тој имал корекции на носот, устата, липосукција, силиконски импланти во градите, рацете, дури и извадил ребро по што се нашол во сериозна опасност и докторите го предупредиле да престане со операциите, иако Галди вели дека сака да вади уште ребра.

Маурицио постојано гостува во разни емисии и реални шоуа и вели дека е задоволен од себе и својот начин на живот.