среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сакате бебе? Експертите откриваат кога е најдоброто време за зачнување

Сакате бебе? Експертите откриваат кога е најдоброто време за зачнување

Најдобриот дел од денот за зачнување е во утринските часови, велат научниците.

Истражувањето спроведено на Универзитетската болница во Цирих покажа дека сексот пред 7:30 часот ги зголемува шансите за забременување. Тие објаснуваат дека ова е последица на внатрешниот часовник на ејакулатот. Утрото е подобро време за спермата, во споредба со ноќта.

Над 7.000 мажи учествуваа во оваа студија во Универзитетската болница во Цирих. Тимот откри дека примероците собрани во текот на пролетта имаат посилна концентрација на сперма и е забележано намалување кај примероците собрани во текот на летото.

Двојките кои се обидуваат да забременат треба да имаат секс наутро во текот на март, април и мај. Овие три месеци имаат највисоки резултати за зачнување. Според истражувачите и експертите, семето е во најздрава форма и големина во текот на пролетта.

Истражувачите се надеваат дека оваа информација ќе им го олесни зачнувањето на паровите, особено ако досега се бореле со проблеми со зачнување, и се надеваат дека оваа студија ќе го зголеми успехот во третманот со вештачко оплодување

Целата студија е објавена во научното списание Chronobiology International.