петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сакате да грицкате навечер со филм? Еве кои намирници смеете да ги јадете БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТ

Сакате да грицкате навечер со филм? Еве кои намирници смеете да ги јадете БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТ

Сирење

Сирењето е добра ноќна закуска во умерени количини. Работата е во тоа што е добро да се „замрсат мустаќите“ со едно парче сирење, а не со половина килограм ситно сирење. Содржи многу протеини па ќе бидете сити до утро.

Посно сирење

Одличен избор и содржи многу казеин – млечен протеин богат со амино киселини, кој полека се разградува. Вкусен избор кој го зголемува чувството на ситост.

Хумус

Хумусот е одличен извор на протеини, особено ако е домашен. Ако сте гладни, моркови или стапчиња целер потопени во хумус се одлични опции.

Крекери

Ова е многу добар избор за ужина ако крекерите се направени од цели зрна, кои содржат нискокалорични јаглехидрати. Со парче сирење, урда или хумус, ова е одличен вечерен оброк (но, мала порција).

Пуканки (обични)

Ова може да ве изненади, но пуканките се всушност добра вечерна ужина. Не мислиме на пуканки направени во микробранова печка, полни со путер или вкус на вештачко сирење, туку на класични пуканки направени во тенџере на шпорет. Зачинете ги со малку сол, лук во прав или билки.