Кога купил нов автомобил, модел на Порше произведен уште во 1961 година, Роби Глик (42) од Роткреуз близу Цуг во Швајцарија не ни помислил дека ќе најде нешто вредно од нечие минато во автомобилот, односно љубовни писма од двојка.
Имено, додека го прегледувал автомобилот, Роби наишол на стари љубовни писма на жена по име Силвија во касетата, која и ги напишала на нејзината несреќна љубов, извесниот Роберт, но за жал никогаш не му ги испратила, пренесува Феникс Портал.
– Плачев читајќи ги писмата. Тоа беше сигурно најтрагичната љубовна приказна што можете да ја замислите, рече Глик за швајцарскиот портал Блик.
Роби, внимателно читајќи ги писмата, сфатил дека Роберт е оженет, но тој и Силвија и покрај тоа биле во врска.
– Таа била несреќна бидејќи нивната љубов била тајна и не можела да создаде дом и семејство со него. Силвија и напиша писма на својата љубов. Речениците во писмата беа толку трогателни. Дознав дека во летото 1971 година, тие биле таен љубовен пар. Во писмото се споменува и Ханибал, синот на Силвија.
Љубовната врска на Роберт и Силвија траела некое време и сигурно започнала пред да се роди Ханибал. Според напишаното во писмата, детето е очигледно на Роберт, заклучува детективот Роби Глик. Потоа додава дека Силвија во писмо до Роберт напишало за тоа како неговата мајка ја натерала да верува дека е подобро да го напушти неговиот живот.
– Писмото заврши вака: “Без тебе животот е студен. Јас копнеам. Не можеш да го разбереш тоа! Треба да се чувствуваш како да мислам на тебе. Ми требаш како воздух”. Потоа го најдов нејзиното писмо од 31 август 1972 година, каде што напиша: “Те видов. Но, избегав. Како би сакала да те видам и повторно сè да биде добро. Тажно “- заклучи Глик во интервју за Блик.