Розите се најомилените цвеќиња кои се подаруваат на драгите личности. Тие се симбол на љубов и благодарност, прекрасно мирисаат, убаво изгледаат, а ги има во различни бои од кои секоја има своја порака.
Ви ги прикажуваме значењата кои се поврзуваат со различните бои на розите.
Црвена
Црвените рози се симбол на љубов и романтика, а означуваат убавина и совршенство. Букет од 12 црвени рози претставува идеален начин на одбраната личност да и ги покажете своите чувства. Исто така, подарувањето црвени рози може да значи и признание за нечиј успех и почит спрема личноста.
Бела
Белата боја е боја на чистота, невиност. Се поврзува со венчавки и брак кои означуваат нов почеток. Исто така, белата роза е симбол на верност и почитување.
Жолта
Жолтите рози означуваат богатство, бујност и изобилство. Во викторијанското време биле симбол на љубомора, а денес означуваат пријателство. Жолтата боја како сонце го буди чувството на топлина и среќа.
Розова
Симболизира женственост, елеганција, отменост, префинетост, а често се поклонува како израз на восхитеност. Розовата роза покажува благодарност и среќа и има понежно значење отколку што е црвената боја.