Сигурно на многумина од вас ви се случено да се разбудите во средина од ноќта, но дали сте се запрашале што значи ова?
Будењето во исто време секоја ноќ открива многу работи за вашето здравје. На вашите органи им е потребна енергија за да се регенерираат и да функционираат.
Денот е поделен во 24-часовен циклус, па доколку се будите во исто време тоа значи дека некои енергии се блокирани или се погрешно насочени.
Во продолжение погледнете што може да значи одредениот час во кој се будите во текот на ноќта.
21:00 – 23:00 часот
Во овој период од ноќта повеќето луѓе се обидуваат да заспијат. Ова е време кога еднокриниот систем се ребалансира и се полни со ензими. Доколку се разбудите во некои од овие часови, најверојатно имате проблем со вашата тироидна жлезда. Исто така, доколку имате проблеми со спиењето во раните вечерни часови тоа значи дека имате проблеми да се смирите доволно за да заспиете. Надбубрежните жлезди се одговорни за борба, односно хормонот адреналин.
23:00 – 01:00
Доколку се будите во некои од овие часови, ова е можеби поради замерките што ги носите во себе. Според верувањата, ова е време кога енергијата се претвора во јанг. Јанг е активна енергија која го храни телото за следниот ден. Почитувајте се и сакајте се себеси за да ја сочувате оваа енергија и да спиете убаво.
Исто така, доколку во текот на денот сте јаделе тешка храна полна со маснотии – ова е уште една причина за немирен сон.
01:00 – 03:00 часот
Ова е клучното време за детоксикација на телото и процесот на обновување. Вашиот црн дроб испушта токсини и создава свежа крв. Будењето во тој период укажува на проблеми со негативни емоции како што се лутина, нервоза и фрустрација. Доколку не се ослободите од овие негативни енергии, постојано ќе се будите во овој период од ноќта.
03:00 – 05:00
Ова е клучното време кога вашите бели дробови се обновуваат и го снабдуваат телото со многу кислород.
Ако често се будите во овој период, пробајте да правите вежби за правилно дишење.
Будењето во ова време од ноќта може да биде предизвикано и од болка и тага.
05:00 – 07:00 часот
Во овој период, телото се чисти од токсини и дебелото црево е активно. Лошата исхрана може да биде причина доколку се разбудите во овој период од утрото.
извор: кајгана