понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Се празнува Св. Наум Охридски Чудотворец, на денешен ден се упокоил

Се празнува Св. Наум Охридски Чудотворец, на денешен ден се упокоил

Во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро, на 5 јануари во 911 година починал Наум Охридски, познат како Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската писменост и просвета.

Наум бил еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент бил назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен Наум Охридски.

Наум Охридски успешно ја продолжил целокупната дејност на Климент Охридски, а изградил и манастир во близината на Охрид.

Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови се уште не се идентификувани. Роден бил во првата половина на деветтиот век.