понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Се празнува Св. новомаченица Злата Мегленска

Се празнува Св. новомаченица Злата Мегленска

Света Злата беше родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа.

Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас во Христа верувам и Тој ми е младоженец; од Него нема никогаш да се откажам. Тогаш дојдоа и нејзините родители и сестри и ја убедуваа да се откаже од Христа и да ја прифати понудата на Турчинот, но таа и тогаш не се согласи.

Тогаш Турците ја ставија в затвор и во тек на три месеци секојдневно ја камшикуваа.

Најпосле ја обесија на дрво, а нејзиното тело го исекоа на парчиња. Света Злата Мегленска пострада за Христа во 1796 година.