среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Се празнува Св. пророк Амос

Се празнува Св. пророк Амос

Пророкот Амос потекнуваше од гратчето Текоа во Палестина. По занимање беше овчар. Како таков Бог го повика на пророчка служба. Го разобличуваше царот Озија и неговите жреци поради идолопоклонството.

Кога пред врховниот жрец Амасија и син му го прорече падот на царството под Асирците, како и невољите што го стигнаа самиот Амасија зашто го наведе целиот народ да заборави на вистинскиот Бог, синот на Амасија не издржа и го удри пророкот по главата, така што овој одвај остана жив.

Повреден, Амос се врати во Текоа и по неколку дена се упокои.