петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Се празнуваат Св. маченици Аникита и Фотиј

Се празнуваат Св. маченици Аникита и Фотиј

Свети Аникита беше римски комит, воен великодостијник, во град Никомидија за време на Диоклецијан.

Околу 305 година императорот беше дошол во Никомидија и тука нареди општ прогон на христијаните. Свети Аникита не можеше мирно да го гледа страдањето на невините, па застана пред царот и откриено исповеди дека е христијанин.

Неговиот пример го следеше и роднината Фотиј. Двајцата беа ставени на маки, а потоа изгорени заедно со многу други христијани.