Православните верници денес го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства.
На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере…
Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина…
Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите…
Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.
Заштитник на патниците и на морепловците
Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.