среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Се слушнаа сирени, а наместо пожарникари дојдоа сватови: Со противпожарно возило дојде по невестата (ВИДЕО)

Се слушнаа сирени, а наместо пожарникари дојдоа сватови: Со противпожарно возило дојде по невестата (ВИДЕО)

Невестата на Ивица Аљиновиќ, долгогодишен вработен во противпожарната служба од Сплит, долго ќе го памети изненадувањето на венчавката.

Ивица е еден раководителите во сплитската станица, па имаше чест да ја провози својата Даниела во противпожарно возило. Цистерната беше свадбарски украсена и тргна од родното место на Ивица, Жрниовица до куќата на невестата во Мејаши.

Необичната свадбена колона ги воодушеви не само сватовите, туку и сите кои ја видоа украсената противпожарна цистерна.