Студентка на која докторите ѝ предвидувале само неколку месеци живот поради сериозната ситуација со анорексијата, сега е вистинска инспирација за многу девојки ширум светот.
Кони Инглис (23) од Велика Британија се борела со анорексија уште од 10-годишна возраст и во текот на долгогодишната борба со оваа болест, три пати завршувала во болница комплетно истоштена.
Таа стигнала до тежина на 5-годишно девојче и воопшто не се грижела дали ќе живее или ќе умре, единствената цел ѝ била да симне што повеќе килограми.
Сега сака на другите кои се соочуваат со овој проблем да им ја испрати пораката дека без разлика колку и да им изгледа тешко во моментов, може да биде подобро.
Веќе пишувавме за НЕЈЗИНАТА сторија, но новиот момент е тоа веќе е горда на своето тело, а промените се евидентни.
На Instagram, Кони сега гордо го покажува своето тело со сите „несовршености“.
-Не мора секоја личност постојано да изгледа како модел на Victoria’s Secret, вели таа, објаснувајќи дека не поставува филтри и не користи Фотошоп на фотографиите кои ги споделува.
-Сакам да покажам како изгледа едно нормално тело, додава Кони.
„Искрено не ми беше гајле дали ќе живеам или ќе умрам. Само сакав да ја изгубам целата тежина. Сè. Бидејќи стигнав до степен кога тоа што сум во болница не беше доволно. Единственото нешто кое ќе беше доволно беше моето срце да престане да чука. Само тоа ќе ја задоволеше мојата анорексија“ – раскажува Кони во интервју за BBC.
Во девет години, Кони била хоспитализирана три пати. Клучниот момент кога таа се свестила дека си го уништува здравјето, било кога докторите ѝ рекле дека ќе ѝ останат само уште неколку недели живот доколку сериозно не се посвети на закрепнување.