среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Седењето е поштетно од пушењето

Седењето е поштетно од пушењето

Ако мислите дека најштетните професии се оние кои се поврзани со тешка физичка активност, се лажете. Според експертите оние професии кои претставуваат седење цел ден пред компјутер или на биро се најопасните.

Наднормалната телесна тежина, болестите на срцето и крвните садови, остеопорозата и диабетот се само дел од болестите кои ги поврзуваат со ваквиот начин на работа.

Ваквиот работен режим води до мускулна пасивност која од своја страна го влошува здравјето и дури редовниот спорт не е доволен да ја поправи штетата.

Лекарите од американската клиника Мејо во Минесота велат дека штетата од ваквиот начин на работа и долгите часови пред биро е многу поголема од штетата што ја предизвикува пушењето. Тие уште тврдат дека луѓето кои минуваат четири часа на ден во седната положба имаат 80% поголем ризик од болести на срцето и смрт како последица на инфаркт и сл.