Чувството на среќа доаѓа ретко, а обично не трае долго. Но, со дисциплинирано однесување, како што велат голем број успешни луѓе, до него може да се дојде.
Затоа ви пренесуваме седум кратки совети кои Ворен Бафет, еден од најбогатите бизнисмени на денешницата, ги сподели со своите пријатели на Твитер.
-Не се расфрлајте
-Помалку зборувајте
-Учете секој ден
-Помагајте им на оние кои се помалку среќни од вас
-Смејте се секојдневно
-Игнорирајте ги безмислиците
-Не очекувајте да го имате она што не ви припаѓа
Советите на Ворен можеби не е лесно да се применуваат во пракса, но едно им е заедничко. За ниту еден не ви се потребни пари.