Најголем дел од луѓето секојдневно користат дезодоранс не помислувајќи на опасностите кои се кријат од него.
Поради тешките мириси експертите предупредуваат на потенцијалните ризици за здравјето, а поврзани со хемикалиите.
-Потешкотии со дишењето, напади на астма, мигрена, вртоглавици, осип, гушење, мачнини и други проблеми, наброи некои од здравствените ризици професорката Ана Стеинмен од Мелбурн.
Резултатите покажале дека 33 проценти од испитаниците имале проблем со мигрена и напади на астма при користење на мирисни производи како на пример освежувачи на воздух и средства за чистење.
Ова истражување не е единствено кое ја потврдило врската меѓу производите како дезодорансот и здравствените проблеми.