Дали сте од оној тип на луѓе кои во текот на денот или во текот на викендот се обидуваат да ги надоместат непроспиените ноќи? Ако сте, тогаш ќе ве интересира остатокот од овој текст.
Сите знаеме дека недостатокот на сон е поврзан со многу можни проблеми.Секој дел од нашето тело чувствува последици од неспиење, од мозокот и срцето, до целиот имунолошкки систем. Нема сомневање дека одморот од 7 до 9 часа сон е добар за нас.Можеби се прашувате дали спиењето навечер е еднакво добро како и спиењето преку ден?
Треба да се земат повеќе работи предвид пред конечно да се даде точен одговор. Може да биде незгодно да се наспиете кога сите останати се будни и ги извршуваат своите дневни обврски. Мора да сметате и на факторите на хемиското ниво, како што е хормонот сон, мелатонин кој лачи само навечер.
Преминот од ноќна во дневна светлина, е првиот и можеби најголем противник со кој се соочуваме. Секако, на крај секој се навикнува да спие дење наместо ноќе,но не без проблеми, бидејќи телото треба да се прилагоди на новото време за спиење.Телесниот часовник му говори на вашиот мозок дали е време за будење или за спиење.Во суштина зависи од светлината и темнината-вашиот организам чувствува дека треба да бидете свесни кога сте изложени на светлина, па макар да е и вештачка.Стучњаците велат дека не е многу потребно телесниот часовник да се збуни.
Бидејќи функционира во зависност од моменталната количина на светлина, вашиот телесен часовник може да ви го прекини сонот што ви го носи ноќното спиење.Ако мора преку ден да надоместувате од вашото спиење, важно е да го спречите дневното светло да допре до просторијата каде што спиете, вашиот телесен часовник да не се поремети. Се подразбира постојат и други фактори како што се дневните звуци и галамата. Сите тие би требало да ги минимализирате.