Со разгорувањето на руско-украинската криза, според многумина, може да порасне и можноста и опасноста од евентуална нуклеарна војна. Како превенција, Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА) посочи список залихи и предмети коишто луѓето треба да ги имаат при рака во случај на вонредна состојба, освен засолниште…
Списокот се состои од:
– Три литри вода по лице ќе бидат доволни за три дена
– Тридневна набавка на нерасиплива храна.
– Напојување со батерии – следењето и добивањето информации по нуклеарен инцидент ќе бидат клучни за опстанокот; следењето на временската прогноза е од исклучителна важност.
– Светилка.
– Прва помош.
– Свирче.
– Маска за прав – ова особено ќе помогне во дишењето контаминиран воздух.
– Влажни крпи, ќеси за ѓубре и други основни средства за хигиена; пластична фолија и селотејп може да помогнат во спречувањето несаканите честички да влезат во засолништето.
– Клуч / алат за исклучување на струјата и водата.
– Отворачи за конзерви со храна.
– Мапи од околината.