понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сите го имаме и сите можеме да го користиме: Како со 3 чекори да го разбудите вашето шесто сетило?

Сите го имаме и сите можеме да го користиме: Како со 3 чекори да го разбудите вашето шесто сетило?

Често и не го забележуваме шестото сетило, но баш тоа е она што најмногу ни помага низ интуицијата и она „чувство во стомакот“!

Нашето шесто сетило е моќно и добродојдено баш како и нашите пет сетила кои ни помагаат да се снајдеме во секојдневниот живот.

Сите го имаме и сите можеме да го користиме, но за тоа е потребно да ја засилиме свесноста и да обврнеме внимание на сите суптилни пораки кои ни ги дава нашето шесто сетило. Кои три чекори ќе ни помогнат во тоа?

За почеток, зацврстете ја работата на своите физички сетила: видот, слухот, допирот, мирисот и вкусот можат да бидат пореметени од модерниот начин на живот. Најлесен начин да го направите тоа е да и се вратите на природата. Непреработена храна, мирисите на поле и шума, допирот на тревата, кората од дрвото, зуењето на инсектите, шумовите на ветерот во крошните… и шестото сетило, кое е наш примален инстинкт, се буди кога поминуваме повеќе време во природа. Таа е природен исцелител, не снабдува со енергија, ги полни батериите и служи како проводник кој не поврзува со сите живи битија.

Почнете да водите дневник на вашите соништа. Повеќето луѓе ја поттиснуваатт интуицијата, ја игнорираат и не ја слушаат, но кога сонуваме, се излегува на површина. За жал, повеќето сонови остануваат незапамтени, а нивните пораки отфлени, што е вистинска штета, затоа што тие даваат увид во вистинските потсвесни драми кои се случуваат во нас. Пишувањето е моќен начин да ја искористите нивната содржина, но и вашата врска со потсвесното, канал за комуникација со интуицијата. Не ги запишувајте и соништата, туку и интуитивните мисли, она што ви паѓа на памет без некој особен фокус и концентрација.

Не го замолчувајте вашиот внатрешен глас. Овој глас кој понекогаш се пробива низ наслагите од дневните дразби, грижи и опсесија е гласот на инстинктот кој многумина не го слушаат. Научени сме да веруваме само на она што го гледаме со очите и она што го слушаме со ушите. Кога некоја информација одеднаш ќе ни падне на ум, ние веднаш се сомневаме во неа. А многу често излегува дека баш таа информација е точна. Тоа не мора секогаш да биде глас, некогаш може да биде слика која ќе ви блесне во очите или чувство за подобар или полош избор. Важно е да се слушаат овие пораки и со време ќе се зачестува начинот на кој вашето шесто чуло ви соопштува нешто.