Содата бикарбона е наречена „медицинско чудо” зашто има многу употреби и голем број здравствени придобивки.
Таа е лесно достапна, а во народната медицина е добро позната како природен лек.
Содата бикарбона е корисна при широк спектар на болести
Постојат повеќе научни докази што укажуваат на тоа дека содата бикарбона без алуминиум може да стане примарен и универзален медикамент за широк спектар на заболувања. Некои истражувања тврдат дека може да се користи од третмани на габични заболувања, па сѐ до подобрување на состојбата при канцер и дијабетес. Поради тоа, одредени истражувачи сметаат дека таа треба да биде дел од третманот и лечењето на многу болести на денешницата.
На што се должи позитивното влијание на содата бикарбона без алуминиум?
Милиони луѓе во светот консумираат од овој „природен лек” во водата за пиење, поради превенција или како терапија кај клиничка ацидоза – во народот многу позната состојба како „киселини во желудникот”.
Во голем број на развиени земји од ЕУ, од страна на онколозите, со децении наназад содата бикарбона рутински се применува со цел да се намали токсичното дејство на хемотерапијата и зрачењето.
Што се случува во телото кога земаме сода бикарбона?
Сите биохемиски реакции, кои се одвиваат во клетките на нашето тело, се зависни од рH-вредноста. Колку е пониска телесната рH-вредност, толку претставува поголем проблем за клеточната физиологија. Некои од причинителите за ниска или кисела рH-вредност се:
* често внесување синтетички лекови,
* исхрана што се темели на намирници кои предизвикуваат киселост во организмот,
* стрес,
* искажување и насобирање на негативни емоции.
Сите овие причини може да доведат до разорување на клетките и до сериозни здравствени заболувања – канцер, кандидијаза, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, остеопороза, чир на желудник.
Фактот дека нашето тело најдобро функционира во алкална средина ѝ оди во прилог на содата бикарбона. Нејзиниот корисен спектар е навистина многу широк. Со внесувањето на сода бикарбона без алуминиум се неутрализира ниската рH-вредност, односно се воспоставува рH-рамнотежа во клетките. Таа дејствува така што ги шири крвните садови и го поттикнува ослободувањето на кислородот во ткивата, зголемувајќи ја притоа рH-вредноста.
Зголемената рH-вредност на урината спречува кристализација на мочната киселина во мочните канали, а со тоа помага против низа последици, како што се дијабетес, срцеви заболувања, срцев удар, гихт, камен во бубрези итн. Се смета дека истовременото внесувањето на сода бикарбона и магнезиум хлорид помага во третманот против срцеви заболувања, невролошки заболувања и потешки облици на грип. Дел од истражувачите тврдат дека заедничкото дејство на овие две супстанции ефикасно ги отстранува токсините и киселините од клетките, ткивата и од органите.