понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сите знаеме дека мешањето на лекови и алкохол е опасно, но тоа може да биде и ФАТАЛНО!

Сите знаеме дека мешањето на лекови и алкохол е опасно, но тоа може да биде и ФАТАЛНО!

Мешањето на лекови и алкохол може да биде поопасно отколку што сте мислеле, а во екстремни случаи и фатално, велат експертите.

Ако земате било какви лекови, најдобро би било во целост да се воздржите од консумација на алкохол, бидејќи и мали количини може да предизвикаат непријатни ефекти, предупредуваат лекарите.

Комбинацијата е потенцијално опасна кога, на пример, лекот ги испушта своите активни состојки за подолг временски период, а алкохолот може да го забрза празнењето на желудникот и растопувањето на апчето. На тој начин во крвотокот влегува прекумерна количина на лекот.

Ова е особено опасно во случај кога алкохол се пие со некои анелгетици кои во екстремни случаи може да предизвикаат парализа на системот за дишење.

Меѓу останатите опасности од ваквото мешање е и гастроинтестинално крварење или создавање на чир. Ова е обично последици од комбинирање на алкохол со лекови кои содржат ацетисалицилна киселина, состојка на Аспиринот.

Докторите предупредуваат дека алкохолот значително го зголемува дејството на апчињата за спиење, седативите и антидепресивите, а во комбинација со парацетамол и одредени антиревматски лекови долгорочно може да го оштети црниот дроб.

Некои лекови, меѓу нив бројни антибиотици, го забавуваат разградувањето на алкохолот во организмот, па ризикувате појава на мачнини и повраќање, а во потешки случаи срцева аритмија и отежнато дишење.

Антибиотиците во организмот остануваат уште долго откако ќе престанете да ги пиете, па до повторно консумација на алкохол треба да почекате пет дена.

Основната листа на лекови кои не смеете да ги мешате со алкохол, според лекарите, изгледа вака: лекови со ацетаминофен, лекови кои ја разредуваат крвта, антибиотици, лекови против разни напади, апчиња против болки, сируп за намалување на кашлица, капки за затнат нос.