Вечерава на небото се случува несекојдневен природен феномен познат под името крвава месечина и ќе трае речиси 5 и пол часа, а целосното затемнување ќе биде во траење од 1 час и 43 минути и ќе може да се набљудува во најголемиот дел од светот, вклучително и од Македонија.
Затемнувањето ќе може да се види од Европа, Блиски Исток, Африка, Австралија и од поголемиот дел на Азија и Јужна Америка. Овој пат, ќе го пропуштат само Северна Америка и Гренланд.
Крвава месечина е името што му се дава на Земјиниот сателит за време на затемнувањето. Се случува кога Земјата поминува меѓу сонцето и Месечината, при што фрла сенка врз неа. Месечината притоа не се затемнува како сонцето, туку добива црвено-кафеава боја.