четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Со цигарите го загрозувате здравјето на своето милениче, ова мора да го знаете

Со цигарите го загрозувате здравјето на своето милениче, ова мора да го знаете

Дали некогаш сте помислиле дека пушењето е штетно и за вашите миленици? Поради оваа лоша навика и тие се пасивни пушачи чие здравје трпи последици.

Низа научни истражувања потврдија дека димот од цигарите негативно влијае на крвта и органите кај мачките и го зголемува ризикот од појава на рак, срцеви болести и проблеми со плуќата.

Американската агенција за храна и лекови одамна објави детален прирачник за сопствениците на миленици заснован на истражувања.

-Исто како и децата, мачките и кучињата најголемиот дел од времето го поминуваат на подот каде се концетрира остатокот од димот, а потоа лесно стигнува на крзното. Тогаш милениците ги вдишуваат штетните материи или ги внесуваат во организмот кога го лижат своето крзно, објаснила Кармела Стампер, ветеринар.

Според ветеринарите, кога сопствениците дознаваат дека им го нарушуваат здравјето на своите миленици, најчесто одлучуваат да се откажат од цигарите. Со оваа одлука си помагаат себеси, но и на милениците.

За почеток, ветеринарите советуваат да престанете да пушите внатре во домот и да избегнувате да ги галите своите миленици без да ги измиете рацете откако ќе ја изгаснете цигарата.