четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Со јога до здраво срце, овие вежби ве ослободуваат од стресот

Со јога до здраво срце, овие вежби ве ослободуваат од стресот

Многу луѓе го започнуваат денот со вежбање на јога, па дали некогаш сте се прашале зошто е добро да се занимавате со оваа активност?

Фитнес тренерите ширум светот препорачуваат луѓето на возраст од 19 до 65 години да практикуваат некој вид на физичка активност и тоа најмалку 150 минути неделно.

Тие сметаат дека јогата е најдобар тренинг бидејќи го чува здравјето на срцето. Овие вежби ве ослободуваат од стресот и го намалуваат ризикот од срцев удар.

Истражувањето под назив „Beneficial Effects of Yoga Lifestyle on Reversibility of Ischaemic Heart Disease: Caring Heart Project of international Board of Yoga опфати 113 испитаници кои практикувале јога во период од 1 година и го промениле начинот на исхрана. Кај испитаниците е покажан значителен пад на лошиот холестерол и тоа за 26 проценти.

Јогата го намалува стресот, а општо познато е дека стресот е најголема причина за кардиоваскуларни заболувања.