Дали пишувате со лева или десна рака, за експертите е важен податок, бидејќи врз основа на тоа може да одредат три важни особини за вас.
Прочитајте во продолжение за што станува збор…
Кој заработува повеќе?
Научници при Универзитетот Харвард во 2014 година спровеле истражување кое покажало дека раката со која пишувате создава големи разлики на финансиско поле. Луѓето што пишуваат со лева рака годишно заработуваат од 10 до 20 проценти помалку од оние кои што пишуваат со десна рака.
Кој е физички поспремен?
Споменатите резултати во заработката за оние кои што пишуваат со лева рака може да се исправат доколку тие се занимаваат со некој спорт, бидејќи тие се понадарени за тоа. Леваците се особено талентирани за тенис, бокс и бејзбол. Интересно е тоа што Рафаел Надал пишува со десна рака, но неговиот тренер и роднина Тони Надал од мал го научил да игра со лева рака, бидејќи знаел дека ова е исклучително важно за овој спорт.
Кој е поимпулсивен?
Личностите кои пишуваат со десна, односно лева рака, се разликуваат и на полето на самокритиката. Првата група многу помалку размислува за грешките и многу повеќе е импулсивна. Другата група на луѓе е многу самокритична и секогаш ги преиспитува своите постапки.