четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Солта може да штети за имунитетот, еве колку треба дневно најмногу да се внесува

Солта може да штети за имунитетот, еве колку треба дневно најмногу да се внесува

Покрај проблемите со срцето и крвниот притисок, истражувачите велат дека премногу сол може да штети и на имунитетот.

Неодамна спроведена студија открила дека количината сол која ја јадете може да направи да бидете почувствителни на болести предизивикани од бактерии и болести предизвикани од вируси.

Студијата објавена во списанието „Circulation“ настојува да го надополни откритието од 2015-та година.

Во таа претходна студија, истражувачкиот тим открил дека зголемени количина на натриум во крвта влијаат на тоа како одреден вид на бели крвни зрнца се подготвува за реакција кога ќе почувствува заболена ќелија. Но, дури и на крајот од таа студија научниците се уште не знаеле што се случува со ќелиите.

Новата студија открила како реагираат ќелиите кои биле изложени на висока концентрација на сол. Се создава пореметувањње на дишниот синџир поради што ќелиите произведуваат помалку АТП и трошат помалку кислород, објаснува истражувачот Сабрина Гајсбергер од Берлинскиот институт.

АТП или аденозин трифосфат е дифиниран како универзално гориво кое ги покренува сите станица во телото птужајќи енергегија. Ова значи дека ако високо ниво на натриум во телото влијае на недостаток на АТП, тоа пак има влијание на начинот на кој белите крвни зрнца созреваат и колку ефикасно може да функционираат.

Според студијата се препорачува кај возрасните лица дневните количини да се ограничат на внес од најмногу пет или пест грама, вклучувајќи ја и солта скриена во преработената храна.