недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

СОНЧАЊЕ И ВО МАЈ: Најпосакуваното место за летен одмор на Балканот веќе се полни со туристи (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

СОНЧАЊЕ И ВО МАЈ: Најпосакуваното место за летен одмор на Балканот веќе се полни со туристи (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Јадранското крајбрежје полека почнува да се полни со туристи дури и кон крајот од мај. Хрватска и оваа година се очекува да биде едно од најпривлечните туристички места не само за туристите од Балканот, туку и од цела Европа.

Убавото и топло време денеска беше причина уште сега популарното туристичко место Макарска да биде полно со туристи кои не сакаа да ја пропуштат можноста да го видат градот на пријатни 20 степени Целзиусови, а секако не тука беа и локалните жители кои го искористија убавото време.

Туристите и локалните жители го искористија сончевото неделно утро и попладне за да се прошетаат покрај брегот на градот и да се сончаат на плажите. Некои го искористија убавиот ден за возење велосипед и нордиско пешачење.

Во убавината на Макарска уживаа и туристите кои го посетија ова популарно туристичко место.