среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сончева бура се движи кон Земјата

Сончева бура се движи кон Земјата

Американската вселенска агенција НАСА воочи т.н. „сончева бура“ што се движи кон Земјата, по двете ерупции кои се забележани на Сонцето.

Бурата е предвидено денеска да ја погоди Земјата, што може да предизвика проблеми во работата на сателитите и електроенергетските мрежи, пишува британскиот весник „Мирор“.

Се очекува и појава на т.н. поларна светлина, која ќе можат да ја видат жителите на Шкотска, Англија и делови од Северна Америка.

Соларната бура е создадена минатата седмица, по две големи експлозии во сончевата атмосфера, па сега дел од материите што се исфрлени во Вселената, се движат и кон нашата планета. Сево ова се совпаѓа со создавањето пукнатини во Земјиното магнетно поле, кои се формираат во текот на пролетната и есенската рамноденица, секој 20. март и 23. септември. Тие ја слабеат природната заштита на Земјата, што може да предизвика проблеми со ГПС системите за навигација или со радио сигналите.