среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сонот не е единствен фактор кој ни дава енергија, еве на кои работи треба да внимавате

Сонот не е единствен фактор кој ни дава енергија, еве на кои работи треба да внимавате

Еве зошто постојано се чувствуваме уморни и исцрпени иако доволно спиеме.

Константниот замор е нешто што може да многу да го исцрпува нашиот организам и се случува дури и кога сме наспиени. Сонот не е единствен фактор кој ни дава енергија за секојдневните активности.

Навидум неважни работи како хормоните, исхраната и кондицијата играат голема улога во создавањето на замор на нашето тело.

Еве како тие можат да влијаат врз нашиот организам:

Кафето е одличен извор на антиоксиданси, но кога премногу се конзумира, телото се навикнува на него.

Смалувањето на количината на кафе која се внесува може да резултира со смалување на заморот наутро.

Иако хормоналниот дисбаланс е вообичаена работа, тешко се открива и лечи. Надбубрежните жлезди лачат хормони и ако сме под стрес тие функции ја губат рамнотежата.

Тешко ли е да пиете по малку вода во текот на денот? Уморот е директна последица од дехидрацијата на организмот.

Повеќе физички активности = повеќе енергија. Ако работата не ви е многу далеку, пробајте да не употребувате автомобил и малку да пешачите. Сигурно ќе ги почувствувате резултатите.

Не мора ни да споменуваме колку е важно конзумирањето на овошје и зеленчук.