Рускиот писател Генадиј Петрович Малахов, во својата книга Прирачник за самолекување забележал и една многу благотворна облога за лекување на болката во коските и зглобовите.
Рецептот е многу едноставен, а состојките веројатно веќе ги имате дома. Болките би требало да исчезнат многу брзо, а облогата треба да се подготви и стави навечер пред спиење.
Потребни состојки:
- Мед
- Брашно
- Јаболков оцет
- Вотка или ракија
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки во еднакви количини, зависно колкава облога ви е потребно да добиете. Од состојките замесете тесто. По потреба додадете повеќе брашно за да добиете хомогена смеса.
Начин на користење:
Тестото развлечете го или обликувајте го како лепче и ставете го на болното место. Врз него ставете целофанска фолија, па прицврстете ја облогата со памучна ткаенина. Така легнете да спиете.
Рок на користење:
Облогата се користи само еднаш и наутро се фрла. Тогаш веќе ќе почувствувате олеснување на болките и подобра подвижност на болните зглобови.