Доколку припаѓате на луѓе кои трошат пари лесно и не знаат како да ги контролираат своите потрошувачки апетити, па го купуваат она што не им треба, време е да престанете со ваквите навики.
-Еден од најдобрите начини да престанете со импулсивно трошење пари на неважни работи е секое непотребно купување да го одложите за 30 дена, советуваат експертите.
Ако и по еден месец сè уште сакате да го купите она на што веќе сте се определиле, тогаш дозволете си да го сторите тоа бидејќи сте имале доволно време да размислите.
Но, доколку во меѓувреме целосно заборавите на купувањето или сфатите дека не ви треба одредена работа, ќе заштедите пари кои непотребно би ги потрошиле. Експертите истакнуваат дека чекајќи да купиме, си дозволуваме да ги избледиме емоциите што ги доживеавме кога го видовме производот што сакаме да го имаме по секоја цена.
Така, со текот на времето ќе се намалува импулсот за импулсивно купување и ќе обрнуваме повеќе внимание на она што го трошиме и купуваме „паметно“.