Мирен и квалитетен сон е предуслов за добро расположение и непречено извршување на секојдневните работи. А пак, лошиот сон и кошмарите можат да го уништат сето тоа. Според стручњаците, постојат низа методи со кои може да се избегнат кошмарите.
Тереза Чеунг, автор на „Декодер на соништа“ (The Dream Decoder), се обидува да ја расветли рутината на спиење што е најсоодветна за речиси совршен ноќен сон. Според неа, избегнувањето кошмари е едноставно и произлегува од воспоставување редовна рутина. Нејзините главни совети вклучуваат заспивање пред полноќ, редовен сон и строго определено време на будење.
-Биолошкиот часовник на телото е моќна работа и ако го смените времето за спиење, тоа ќе предизвика кошмари, вели таа.
Консумирајте зеленчук! Истражувањата покажуваат дека луѓето кои земаат одредено ниво витамин Б-6 можат подобро да ги запомнат своите соништа и да имаат појасни визии во соништата. Така, јадењето спанаќ може да помогне за поубав ноќен сон.
Редовно истегнувајте се! Освен утринската гимнастика, и истегнувањето пред спиење му помага на телото за поквалитетен одмор. Намаленото ниво на стрес значи дека, веројатно, ќе спиете подобро.
Бања пред спиење… Не дека ни треба посебен изговор за опуштање в када, но дури и 10 минути бања може да имаат позитивно влијание врз спиењето и соновите.
-Причината што топлата бања може да Ви помогне, е тоа што температурата на Вашето тело треба да се намали пред да почне сонот. Топла бања еден или два часа пред спиењето, може да помогне во овој природен процес, објаснува Тереза Чеунг.
Следниот нејзин совет гласи: Гледајте ја Месечината.
-Ова е еден од понеконвенционалните совети, но со подолг поглед кон Месечината додека лежите и „потонувате“, Вие всушност се поврзувате со „внатрешното јас“, истакнува таа.
Според мистичните сознанија, Месечината владее со нашата интуиција и соништата.
-Па така, ако можете да ја гледате Месечината преку прозорецот ноќе, сосредоточете се на неа, но не подолго од 10 минути, вели Чеунг. (МИА)