петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Советот е едноставен: Што да правите кога ве болат очите од гледање во екранот?

Советот е едноставен: Што да правите кога ве болат очите од гледање во екранот?

Се повеќе и повеќе луѓе се пред компјутерските екрани по речиси цел ден. И тоа воопшто не е добро за нивните очи.

Околу 80 отсто од луѓето кои трошат повеќе од три часа дневно пред екранот велат дека тоа им создава проблеми, а половина од нив велат дека чувствуваат проблеми со очите, според германската офтамолошка асоцијација.

Советот е едноставен – да правите пауза!

Идеално би било неколку пати, или на секои 20 минути. Би било добро да погледнете во далечина или во некои растенија.

Исто така, мониторот треба да биде оддалечен најмалку 50 сантиметри од вас. Важно е  редовно да одите на лекарска проверка за видот.