Фотографот Пол Никлен снимил срцепарателно видео на канадскиот Бафинов остров.
Поранешниот биолог видел над 3.000 мечки во дивината, но оваа, како што изјавил тој, никогаш нема да ја заборави.
-Стоевме таму и плачевме, снимавме додека солзи нѝ се тркалаа по образите, рекол Никлен.
Хранењето на поларните мечки во Канада е нелегално, но и да се случело тоа, односно екипата на Никлен да била во можност да ја нахрани прегладнетата мечка, тоа би било само одлагање на неизбежното.
-Секако дека тоа ми падна напамет, но за жал, ние со себе не носиме 150 килограми месо. Немавме ни со што да ја обележиме со цел да можеме да ја следиме, раскажал фотографот.