На третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера.
На овој ден именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко.
И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн. Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божиќ.
Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.